Германија бара над 100.000 работници, за овие професии се наудат работни места


Германската економија доживува нов бум, а недостатокот на млади квалификувани луѓе е сериозен проблем. Затоа, компаниите бараат работници од целиот свет. Германските работодавци во третиот квартал од оваа година, се соочиле со најголем недостаток на соодветна работна сила досега.
Централната агенција за вработување направи листа од околу 110 професии каде што најмногу недостигаат работници. Во оваа категорија спаѓаат професиите како инженери, специјалисти за ИТ, лекари и здравствени работници, тргоци и различни занаетчиски занимања.
Во германскиот здравствен систем најмногу недостасуваат доктори, медицински сестри, терапевти и фармацевти.
Исто така, се бараат и водоинсталери, монтери на клима уреди, санитарни работници, молери и фасадери.
И туризмот се соочува со недостаток на работна сила. Во овој сектор најмногу се бараат работници од сите професии поврзани со работа во хотел и ресторан. Се напоменува дека е потребно основно познавање на германскиот јазик – во спортивно, пронаоѓањето на работа е прилично тешко.

Comments

Popular posts from this blog

Видео: Квадрат чини само 190 евра, а куќата е готова за само еден ден

Кога се исклучени камерите: Еве што прави Татјана Стојановска пред вестите (фото)

ВИЦ НА ДЕНОТ: Пумпање